arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

ЛЕТНА ШКОЛА

KonakManastir

Mеѓународната летна школа за архитектура при Архитектонскиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е основана во 1992 година.
Активноста на Меѓународната летната школа за архитектура и наставата на Архитектонскиот факултет претставуваат единствена целина во процесот на архитектонското образование на студентите.
Учеството во работата на Школата е начин на стимулирање и наградување на талентираните и успешните студенти.
    Основна дејност на Меѓународната летна школа е истражување на архитектонското минато на Македонија како и негова современа интерпретација.
    Темите за работа на Меѓународната летна школа се земаат од локалниот контекст како начин на непосредно учење од архитектонското наследство.
    Во работата на Школата можат да учествуваат студенти и наставници од други факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од други универзитети надвор од Македонија како и институции и личности познати во јавниот и културниот живот на Македонија.
    Од основањето до денес Летната школа се одржува во  манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ – Крива Паланка во текот на месец јуни или јули.