arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

РАБОТИЛНИЦИ

Почитувани,

Ве известуваме дека наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје редовно продолжува од вторник, 14 ноември по вообичаениот распоред. Наставата што се одржува во амфитеатар и голема сала во вторник, 14 ноември по 15:00 часот (Урбанистичко планирање 2, Геоинформациски системи и Теорија на конструкции) и среда, 15 ноември по 16:00 часот (Принципи на статиката, Теорија на архитектурата) нема да се одржи и ќе биде надополнета во договор со предметните наставници.
Студентите од прва година чиј прибор е заклучен во училниците 227, 228 (јужно крило) и голема сала ќе може да го подигнат во вторник, 14 ноември точно во 9:00 часот.
Ве известуваме дека вертикалните комуникации низ зградата ќе функционираат само преку скалишната вертикала во јужното и северното крило. Скалишниот крак во близина на ателјето, како и врската на јужното и северното крило на вториот кат се забранети за користење.
 
Деканат на Архитектонски факултет

објавено на: 2017-11-13 09:13:56

LS2017 S3

У Н И В Е Р З И Т Е Т „ С В . К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј “
А Р Х И Т Е К Т О Н С К И Ф А К У Л Т Е Т - С К О П Ј Е
Л Е Т Н А   Ш К О Л А   З А   А Р Х И Т Е К Т У Р А
Р А Б О Т И Л Н И Ц А С О А Л Е Ш В О Д О П И В Е Ц
А Р Х И Т Е К Т О Н С К И Ф А К У Л Т Е Т - УНИВЕРЗИТЕТ ВО ЉУБЉАНА
0 1 . 0 7 - 0 8 . 0 7 . 2 0 1 7
МАНАСТИР „ С В . Ј О А К И М О С О Г О В С К И “ , КРИВА ПАЛАНКА

 

 

 

 

Demirhisar

 

„ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2017'
(популаризација и презентација на културното наследство)

Во рамките на IV Демирхисарско културно лето, од 7 до 13 јули 2017 се одржа I Демирхисарска летна школа. На покана од организаторот Општина Демир Хисар и манастирот Св. Јован Претеча, Слепче учество зема Архитектонскиот факултет при УКИМ, Скопје со раководителот-предавач: проф. д-р Елизабета Касапова и учесниците: д-р Ана Ивановска Дескова, доцент; м-р Мартин Симјановски, соработник; студентите од III, IV и V година - Андреј Дојчиновски, Марија Трајковиќ, Елена Сотировска, Љубен Трајановски, Сашо Андријевски и Виктор Стојчески. Работилницата на научната група АРХИТЕКТУРА беше со наслов: „Документирање и истражување на архитектурата на манастирот Св. Јован Претеча - Слепче".

Други учесници на првата Демирхисарска летна школа беа: групата АРХЕОЛОГИЈА под раководство на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје, групата ИСТОРИЈА под раководство на проф. д-р Ванчо Георгиев од Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје и групата БОГОСЛОВИЈА под раководство на м-р Виктор Недески од Православниот Богословски факултет при УКИМ, Скопје.

Повеќе информации на:
Facebook Demirhisarska Letna Skola
http://www.demirhisar.gov.mk

 

 

 

 

 

 

VestackaIntelegencija

 

Веќе е објавен новиот јубилеен 10. Скопјепостер Меѓународен студентски конкурс на тема /ArtificialInteligence/ (мкд. „Вештачка интелигенција и реалноста“).

Електронска верзија од конкурсот:https://skopjeposter.com/mk/proekti/vestacka-inteligencija/

Во понеделник на 8. 5. 2017 во 17:00 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје на студентите ќе им се обрати г-дин Гере Трипков - претседател на Плакарт / проектменаџер на Скопјепостер - меѓународниот студентски конкурс за плакат, со цел оваа година на студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје темата да им ја претстави на непосредна – директна средба.

Очекуваме оваа активност да ја зголеми заинтересираноста на студентите и да ги охрабрида конкурираат со нивните колеги од странство во рамки на Скопје постер конкурсот, особено што ова е конкурс наменет исклучиво за студенти.