arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

ИДНИ СТУДЕНТИ

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

1. На интегрираните петогодишни студии од прв и втор циклус по архитектура во прв семестар на Архитектонскоиот факултет може да се запишат кандидати кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со Конкурсот за запишување студенти на прва година при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Право на запишување на интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука.

За упис во прв семестар на петогодишни студии од прв и втор циклус по архитектура во прв семестар на Архитектонскоиот факултет за сите пријавени кандидати се врши проверка на склоност за студирање архитектура.

Формата, содржината и начинот на бодирањето при проверката на склоноста за студирање архитектура, со посебна одлука ги одредува Наставно-научниот совет на Факултетот.

Запишаните студенти на петогодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, плаќаат надомест за покривање на дел од трошоците за студирање во државна квота и во квота со кофинансирање за секој семестар. Износот на надоместот во државната, односно во квотата со кофинансирање, за секоја учебна година, однапред го определува Наставно-научниот совет на Архитектонски факултет во рамките на утврдената легислатива и одлуките на Универзитетот и оснивачот на Универзитетот.

2. Право на конкурирање за запишување во VII (седми) семестар на интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус на Архитектонскиот факултет имаат:

topce   кандидати кои завршиле прв циклус на соодветни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиската програма за интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус на Архитектонскиот факултет. Овие студенти плаќат надомест за студирање според условите утврдени со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Право на конкурирање за запишување во X (десетти) семестар на интегрираните  петгодишни студии од прв и втор циклус на Архитектонскиот факултет имаат:

topce   кандидати кои дипломирале на Архитектонскиот факултет според студиска програма во траење од 10 (9+1) семестри, пред воведување на студиската програма за интегрирани студии од прв и втор циклус и кои се стекнале со стручното звање дипломиран инженер архитект. Овие студенти плаќат надомест за студирање според условите утврдени со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕМИНУВАЊЕОД ДРУГИ ВИСОКООБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ:

Студент запишан на прв циклус студии на друга високообразовна институција, освен на друг архитектонски факултет, може да премине на Архитектонскиот факултет при УКИМ доколку покаже соодветен успех од проверката на склоноста за студирање архитектура.

Студент од друг архитектонски факултет може да премине на петгодишните интегрирани студии од прв и втор циклус по архитектура на Архитектонскиот факултет под услов да освоил најмалку 40 кредити од предметите во првата студиска година на архитектонскиот факултет од којшто се префрлува.

Студентите од ставовите (1) и (2) при преминувањето поднесуваат писмено барање до Деканот на Факултетот за префрлување и запишување на петгодишните интегрирани студии од прв и втор циклус по архитектура на Архитектонскиот факултет.

Со барањето студентот поднесува:  Уверение за положени испити со освоени кредити/оценки издадено од факултетот на којшто дотогаш студирал;  Индекс со евидентирана заверка на семестрите коишто ги прослушал во првиот или вториот циклус,  Студиска програма од прв или втор циклус студии на факултетот од којшто преминува;  Потврда дека својството на студент не му престанало врз основа на изречена дисциплинска мерка.

Барањето за префрлување студентот го поднесува најмалку 30 дена пред термините за запишување на семестарот. Решение по барањето на студентот од ставовите (1) и (2) донесува Деканот на Факултетот по предлог на Комисија, којашто ја формира продеканот за наставно-научни и студентски прашања на Архитектонскиот факултет.

Со решението се определуваат предметите и кредитите коишто се признаваат и се определуваат дополнителни обврски што студентот треба да ги исполни во семестарот во којшто се запишува, а произлегуваат од студиската програма и Правилата за студирање на петгодишните интегрирани студии (студии од прв и втор циклус) студии по архитектура на Архитектонскиот факултет

Запишувањето на студентите од ставовите (1) и (2) се врши пред почетокот на зимскиот семестар, а на студентите од став (2) може да се врши и пред почетокот на летниот семестар, под исти услови и во исти термини како и за останатите студенти.