arh    UKIM-znak10

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ СКОПЈЕ
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ

 

 

 

Најава Зачлени

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

СТУДЕНТСКИ КОНКУРСИ

Ве информираме дека во текот на 9. Скопје постер фестивал се одржа работилницата на проф. Ришард Каја (Полска), која беше дел од проектот за реализација на конкурсот за студентски плакат на тема „Македонија како туристичка дестинација“ што го организираат Музеј на град Скопје, Плакарт и Амбасадата на Република Полска во Македонија.

Како учесници во АртЛинк мрежата информациите за конкурсот ги добивте во досегашниот тек на комуникацијата, но во прилог на овој мејл ги испраќаме финалните конкурсни услови.

Со оглед на тоа дека првичниот рок за доставување на плакати беше 1 февруари 2017 година, а на сугестија на голем дел од професорите дека тоа е веднаш по зимскиот распуст и би било покорисно да се одложи за да
има време студентите да поработат и во дел од вториот семестар, одлучивме КРАЈНИОТ рок да го дефинираме на 20 ФЕВРУАРИ 2017 година.

Поднесоците на студентите можат да се доставуваат онлајн со регистрација
на: www.skopjeposter.com/gallery2

Услови:
1. Секој учесник може да аплицира со максимално 3 поднесоци (плакати),
2. Фајлот мора да е JPG формат со припрема за печатење во Б2 формат
(500x700mm) со резолуција од 300 dpi со прилагодени CMYK бои,
3. Поединечен фајл не смее да надминува 10мб.

Кратка инструкција за студентите:

1. Се регистрирате на www.skopjeposter.com/gallery2
2. Во „Вчитување на слики“ избирате „Македонија - туристичка
дестинација“
3. Избирате плакати кои сакате да ги аплицирате и по додавањето на име
на секој од поднесоците стискате „Вчитај“.
4. За да ги видите Вашите аплицирани поднесоци одите во „Лични галерии“,
за Тип на галерија избирате „Competition“, a за Галерија избирате
„Македонија - туристичка дестинација“ и стискате „Прикажи“.

Им посакуваме среќа на сите учесници.

 

Годишна студентска награда за плакат на Музеј на град Скопје-2016

Преку темата МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА „Музејот на град Скопје“ одлучи да стави акцент на прашањето на квалитетно дизајнирана промоција на Македонија во светот како атрактивна туристичка и културна дестинација.

Ставајќи ја својата креативност во улога на промотор на нашата земја да се обидеме да ја издигнеме информацијата за вистинскиот квалитет на Македонија на повисоко и поинакво ниво од досега вообичаените конфекциски промоции.

Бидејки концептот на визуелна комуникација оформен од полските дизајнери на постери во 1950тите е се уште валиден и денес, со сугестивна моќ и дрски алузии кои се уште се живи, претставуваше голем предизвик да го користиме нивниот креативен багаж како повод за започнувањето на оваа музејска активност. Исто така традицијата на негување на туристички плакат во Полска е децениска, почнувајки некаде во 1920тите,веднаш по независноста на Полска во 1918год. Еден од пионерите и најафирмиран автор на туристички плакати е Стефан Норблин кој активно работел во периодот пред Втората светска војна.

Токму затоа и Конкурсот во МГС во 2016 е започнат со подршка од Амбасадата на Полска во Македонија и Плакарт - Здружението на графички дизајнери.

Временска рамка:

·        Април-јуни 2016 - Во рамките на најавата на конкурсот на сите универзитети во Македонија беше претставена изложбата „Полската школа на плакат“ ,како едукативен вовед во конкурсната тема.

·       21-23 ноември 2016 - Работилница за плакат во рамките на Скопје постер фестивал - гостувачки предавач - Ришард Каја - реномиран плакатист, сценограф и графичар од Полска, Локација-Музеј на град Скопје,

·       20 февруари 2017 (понеделник) - Краен рок за доставување на конкурсните работина www.skopjeposter.com/gallery2 (Б2 формат, 300dpi, во jpeg. формат со припрема за печатење со прилагодени CMYK бои; Фајловите не треба да бидат поголеми од 10мб.)

·       февруари – март 2017 - Отворање на изложба-Музеј на град Скопје

·     март – јуни 2017 - Патувачка изложба: MuseumLINK-Мрежа на Музеите во Куманово, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Виница, Штип, Велес, Струмица, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово

Отворен повик за поднесување на идејни решенија:

Ги повикуваме сите студенти на додипломски, магистерски и докторски студии на факултетите за уметности, визуелни уметности, архитектура и дизајн, од сите Универзитети во Република Македонија, кои се воедно и членки на проектот ArtLINK, да земат учество на конкурсот за плакат наменет за студентите.

*

Главна намера на овој натпревар е да се создадат подобри промотивни производи кои се во чекор со современите тенденции во графичкиот дизајн но и во рекламниот бизнис во светот, а со тоа да се создадат услови за промоција на културното и природното наследство на Македонија на поинаков начин.

*Цел

Главна цел е добивање на плакат со современ израз како дизајнерски производ преку кој ќе се промовира Македонија како земја со богато културно наследство, зачувани природни богатства и богата духовна ризница.

Соединување на креативниот капацитет за да се обидеме заедно да го привлечеме вниманието на потенцијални посетители, кои би се вљубиле во Македонија.

Награди:

Првите 3 наградени - студиски патувања во 2017 год. во Полска до 5 дена во организација на Амбасадата на Полска во Македонија.

Почесни 2 добитници - Дизајн на сите плакати за изложбите во Музеј на град Скопје за 2017 год. и можност за студентска пракса.

Жири за избор на победници:

Ришард Каја – илустратор, мајстор на плакатот, Полска

Јацек Мултановски – амбасадор на Република Полска во Република Македонија,

Лазе Трипков – директор на Музеј на современата уметност,

Томислав Микулчиќ- директор на Музеј на град Скопје,

Ласко Џуровски – дизајнер, типограф, сопственик на Тотем – дизајн студиото.

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ објавува КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за летниот семестар во академската 2015/2016година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само студенти со завршена прва година на студии.

повеќе

 

KonkursBauhaus

 

 

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР
за академската 2014/2015 година


Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

повеќе

 

 

KonkursArchiCad