АФС на АХО
Од 11-14.01 2018 година студентските трудови изработени во рамките на Интегративното студио ОБРАСЦИ НА РАСТ: Неприродни Екологии од IX семестар на Архитектонски факултет под раководство на наставниците Марија Мано Велевска и Слободан Велевски беа претставени на AHO WORKS изложбата на магистерски проекти на факултетот за архитектура во Осло.
Почитувани,
Ве известуваме дека наставата на Архитектонскиот факултет во Скопје редовно продолжува од вторник, 14 ноември по вообичаениот распоред. Наставата што се одржува во амфитеатар и голема сала во вторник, 14 ноември по 15:00 часот (Урбанистичко планирање 2, Геоинформациски системи и Теорија на конструкции) и среда, 15 ноември по 16:00 часот (Принципи на статиката, Теорија на архитектурата) нема да се одржи и ќе биде надополнета во договор со предметните наставници.
Студентите од прва година чиј прибор е заклучен во училниците 227, 228 (јужно крило) и голема сала ќе може да го подигнат во вторник, 14 ноември точно во 9:00 часот.
Ве известуваме дека вертикалните комуникации низ зградата ќе функционираат само преку скалишната вертикала во јужното и северното крило. Скалишниот крак во близина на ателјето, како и врската на јужното и северното крило на вториот кат се забранети за користење.
Деканат на Архитектонски факултет
објавено на: 2017-11-13 09:13:56
„ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2017'
(популаризација и презентација на културното наследство)
Во рамките на IV Демирхисарско културно лето, од 7 до 13 јули 2017 се одржа I Демирхисарска летна школа. На покана од организаторот Општина Демир Хисар и манастирот Св. Јован Претеча, Слепче учество зема Архитектонскиот факултет при УКИМ, Скопје со раководителот-предавач: проф. д-р Елизабета Касапова и учесниците: д-р Ана Ивановска Дескова, доцент; м-р Мартин Симјановски, соработник; студентите од III, IV и V година - Андреј Дојчиновски, Марија Трајковиќ, Елена Сотировска, Љубен Трајановски, Сашо Андријевски и Виктор Стојчески. Работилницата на научната група АРХИТЕКТУРА беше со наслов: „Документирање и истражување на архитектурата на манастирот Св. Јован Претеча - Слепче".
Други учесници на првата Демирхисарска летна школа беа: групата АРХЕОЛОГИЈА под раководство на проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје, групата ИСТОРИЈА под раководство на проф. д-р Ванчо Георгиев од Филозофскиот факултет при УКИМ, Скопје и групата БОГОСЛОВИЈА под раководство на м-р Виктор Недески од Православниот Богословски факултет при УКИМ, Скопје.
Повеќе информации на: Demirhisarska Letna Skola
http://www.demirhisar.gov.mk
У Н И В Е Р З И Т Е Т „ С В . К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј “
А Р Х И Т Е К Т О Н С К И Ф А К У Л Т Е Т - С К О П Ј Е
Л Е Т Н А Ш К О Л А З А А Р Х И Т Е К Т У Р А
Р А Б О Т И Л Н И Ц А С О А Л Е Ш В О Д О П И В Е Ц
А Р Х И Т Е К Т О Н С К И Ф А К У Л Т Е Т - УНИВЕРЗИТЕТ ВО ЉУБЉАНА
0 1 . 0 7 - 0 8 . 0 7 . 2 0 1 7
МАНАСТИР „ С В . Ј О А К И М О С О Г О В С К И “ , КРИВА ПАЛАНКА