Архитектурата како инфраструктура – архипелаг на иновации
Работилница
Материјали контури: Архитектура како територија
Поставувањето во контекст, без оглед дали е локациски или идеолошко, отсекогаш ја дефинирала релевантноста на архитектурата. Низ користење на различни видови на критика, анализа базирана на Херменевтика, како и традиционални архитектонски техники и најважното, комбинацијата на повеќе дисциплини во единствен архитектонски метод, работилницата ќе се обиде да развие кохерентно разбирање на изграденото опкружување низ проширување на концептот за контекст.
Read more: Архитектурата како инфраструктура – архипелаг на иновации
Архитектонскиот факултет
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
ИНТЕРЕН КОНКУРС
за избор на демонстратори на студиската програма на интегрираните студии од прв и втор циклус по архитектура во зимскиот и летниот семестар во учебната 2019/2020 година
Меѓународна летна школа за архитектура - сесија 2019
Овогодинешната, 28-ма сесија на Летната школа за архитектура која традиционално ја организира Архитектонскиот Факултет при УКИМ, се одржа во селото Лазарополе од 6-ти до 14-ти јули 2019 год. Темата на Летната школа беше ,,Конфигурација”, а нејзин раководител доц. д-р Горан Мицковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Гости тутори на Летната школа беа реномираните архитекти Дугал Шеридан и Диардри Мек-Менамин од архитектонското биро ,,ЛИД Архитектура’’.
Студентската служба на АФС ќе работи и ќе ги издава потребните документи за потребите на студентите кои планираат да се пријават на Конкурсот за сместување во студентски дом на 14. 8. 2019 (среда) во 9 часот
III ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2019
III ДЕМИРХИСАРСКА ЛЕТНА ШКОЛА 2019
Архитектонскиот факултет во Скопје и оваа година зема учество на Демирхисарската летна школа која по трет пат ја организира Општината Демир Хисар, манастирот Св. Јован Претеча – Слепче со поддршка на Министерството за култура.