arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

ZivaIstorijaZivaPriroda

Во рамките на проектот "Жива историја, Жива природа 2" од ИПА програмата за прекугранична соработка кој го имплементира општина Новаци во соработка со општина Алмопиа од Грција, објавен е повик за работилница за архитекти која ке се одржи во Алмопиа, од 03 до 09 јули 2016 година

 

.

bista2016

СТУДЕНТСКИ КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРО ГРАФИЧКИ ОБЛИКУВАН ПОСТЕР ЗА БИСТА
(Биенале на студентите по архитектура) 2016
Ги покануваме студентите од сите факултети по архитектура на
Р. Македонија да земат учество вo конкурс за избор на најдобро графички обликуван постер на овогодинешното Биенале на студентите по архитектура - БИСТА 2016.

повеќе

 

nautilusconstruct

          ednakvi1

 

 

Poster SPACEMAKER

Space:Maker

Втора меѓународна работилница за параметрички дизајн и дигитална фабрикација

Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопјево соработка со Епитом колектив од Истанбул ја организираат втората меѓународна работилница за параметричко обликување и дигитална фабрикација во Скопје. Работилницата ќе ги промовира иновативните методологии на параметричко проектирање со интегрирање на комплексни структури во архитектонското обликување, тестирање на добиените структурни и просторни резултати во мерка 1:1.Ќе се користат параметрички софтверски алатки за анализа, генерирање и симулација на тридимензионални структури и форми, а финалниот производ ќе биде павиљон кој ке се користи како посебен простор за изложување на делата на студентите изведен на Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Работилницата ќе се оджи во просториите на УАКС-Факултет за архитектура и дизајн (понеделник 20.04. до среда 22.04.) и Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (од четврток 20-ти април до сабота, 26-ти април, 2015 година).

Учесници и котизација:

Учесниците на работилницата треба да се студенти на технички науки и да имаат основни познавања во користењето на компјутерии Computer Aided Design.Регистрацијата за работилницата ќе започне од 1-ви април, 2015 година, со испраќање на кратко CV на следната е-маил адреса:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. Бројот на учесници е ограничен на максимум 30, а за реализација на работилницата потребно е да се пријават минимум 17 учесници. Уплатата за учество на работилницата изнесува 6000 денари. Крајниот рок за пријавување е 17 април, 2015 година. Уплатата треба да се изврши нa сметката која е објавена на веб страницата на www.skolab.com