arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

Otvoren den 3 objava 2

 

ПОКАНА за Отворен ден #3

Ве покануваме да присуствувате на Отворениот ден #3 што го организира Скопската жива градска лабораторија (SkULL) во непосредна организација на Град Скопје и Архитектонски факултет Скопје при УКИМ. Отворените денови се дел од активностите што SkULL, како дел од ROCK* проектот, ги организира со цел да ja вклучи јавноста во искажување на своите мислења за состојбите во Старата скопска чаршија, како и за можностите за ревитализација на овој исклучителен просторен, социјален и мемориски дел на градот.

Отворениот ден #3 е организиран како работилница во Скопската жива лабораторија (SkULL) предводена од Маријане Вилемсен (Marianne Willemsen) од градот Ајндховен со локалниот ICT сектори претставници на локалните самоуправи. На работилницата ќе бидат разменети мислења за актуелните проблеми и можности во рамките на Старата скопска чаршија, и соодветно на тоа, ќе бидат иницирани идеи за начините за справување со нив преку примената на напредните технологии. Мислењата и сугестиите, треба да им послужат на институциите во планирањето на идните активности, во планирањето и заштита на нејзините простори, а во рамки на тековниот проект треба да послужат како основа за дефинирање на следен отворен конкурс на идеи за регенерирање на делови од Старата скопска чаршија со помош на напредните технологии.

Се надеваме дека ќе ја прифатите нашата покана и со своето учество ќе придонесете за отворањето на патот кон решавање на некои проблеми од Чаршијата.
Ве очекуваме во вторник,
19ти ноември, во 10 часот, во просториите на Скопската жива градска лабораторија што се наоѓаат во Европската улица бр.11

* ROCK проектот, чиј полн наслов е „Регенерација и оптимизација на културното наследство во градови базирани на креативност и знаење“, е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и во неговата реализација учествуваат Градот Скопје и Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.