АРХИТЕКТОНСКИ КОНКУРС
НОВА ПРОСТОРНА РЕАЛНОСТ НА ГРАДОВИТЕ – ПОСТ КОВИД-19
Овој меѓународен архитектонско урбанистички конкурс е отворен и анонимен. Конкурсот е чисто академски и неговата главна цел е да иницира информирана дебата за новите концепти и парадигми кои ќе ја обликуваат иднината на градовите.
Студиско патување и претставување на работата на Интегративното студио РАСТ2.0: НАРАТИВИ од Архитектонскиот факултет Скопје на Техничкиот Универзитет во Делфт.
Во рамки на патувањето во Холандија беше остварена изложба на студентските проекти, дискусија за искуствата од работата и соработката, како и заедничка посета на објекти од рецентната архитектонска продукција на Ротердам.