Фотографии од церемонијата на свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2019/2020 година, одржана во големата сала на Архитектонскиот факултет во Скопје во вторник, 1.10.2019-та година.
ДО СТУДЕНТИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ
НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
Свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2019/2020 година, ќе се одржи во вторник,
1 октомври, во 11.00 часот, во Големата сала на Факултетот.
Редовната настава за прва и останатите студиски години ќе отпочне во вторник, 1 октомври.
Ви посакуваме успешна учебна година.
Од Деканатот
Фотографии од процесот на работа на Летната школа за архитектура, сесија 2019, која е во тек и која се одржува во селото Лазарополе. Темата на овогодинешната летна школа е ,,Конфигурација”, а нејзин раководител е доц. д-р Горан Мицковски од Архитектонскиот факултет во Скопје. Гости тутори на летната школа се архитектите Дугал Шеридан и Диардри Мек-Менамин од архитектонското биро ,,ЛИД Архитектура’’.