arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

inmemoriam

IN MEMORIAM

Георги Константиновски

(1930 - 2020)

Професорот Константиновски со својата личност, со своето дело, со својот збор, беше еден од столбовите на Архитектонскиот факултет, безвремена парадигма за ликот на архитектот.

Дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет, Скопје (1956) под менторство на проф. Александар Ранковиќ, се стекнал со дипломата Магистер по архитектура од универзитетот во Јеил (Yale University), во Њу Хејвн (New Haven), САД, во 1965, под менторство на Пол Рудолф (Paul Rudolph)и Сергеј Чермаев (Serge Chermayeff). Работел и соработувал со Јо Минг Пеи (Jo Ming Pei), Хенри Коб (Henry Cobb) и Аралдо Косута (Araldo Cossutta) во Њујорк.

Во 1958, станал асистент на Техничкиот факултет, Скопје-Архитектонски оддел на предметот “Проектирање на станбени и угостителски објекти”. До неговото пензионирање 1995 е редовен професор на Архитектонскиот факултет при, Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Неговите рани трудови се сметаат за дела на брутализмот. Ја формирал вонинституционалната архитектонска група Андерграунд (1968). Изработил повеќе од 450 архитектонски и урбанистички проекти. Константиновски даде суштински придонес на современата македонска архитектура со изведените објекти: Архив на град Скопје (1966), Студентски дом “Гоце Делчев” (1969), Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Скопје (1978), Меморијалниот Центар “АСНОМ” во Пелинце (2005), и Спомен дом на Разловечкото востание во Разловци (1979). Неговите долгогодишни студии 1986-2016, Пиранса, Пирастела и Пирадонија: студии за домување во високи станбени структури, го вклучуваат во традицијата на визионерската архитектура.

Го објавува фундаменталното дело за македонската архитектура: Константиновски, Г. 2001. Градители во Македонија VIII-XX век, прв дел. Скопје: "Табернакул";

Константиновски, Г. 2003. Градители во Македонија VIII-XX век, втор дел. Скопје: "Табернакул".  Константиновски, Г. 2006, Градители во Македонија VIII-XX век, трет дел. Скопје: "Табернакул". како и монографското дело Константиновски, Г. 2015. Патот на еден Архитект, Скопје: Култура а.д. – Скопје.

Развил педагошки модел на личен пример преку предавања,кажувања, дела, студии и  преку низа неформални изданија збирка на клучни архитектонски дела

Бил награден со највисоките македонски и југословенски признанија и со три “Големи награди” на Биеналето на македонска архитектура (БИМАС). Ја добил и највисоката Национална награда за уметност “11-ти Октомври” за најдобро архитектонско достигнување во Скопје. Бил Претседател на Советот за урбанистичко планирање на град Скопје, и Декан на Архитектонскиот факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”во Скопје. Член е на Академија за архитектура на Македонија, дописен член на Словенечката Академија за Наука и Уметност (САЗУ) и дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).