arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

instagram twit facebook mail

iknow

menu

menuB

Final Poster Stefan Viets

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со особена чест и задоволство Ве кани на вториот циклус од серијата Декански предавања, која ќе започне со предавањето на архитектот и професор на Политехника во Милано - Стефан Витс. Предавањето е насловено: „О.М. Унгерс: Елементи и стратегии на урбана трансформација“, а ќе се одржи во среда на 2. декември 2020 год. со почеток во 16:00 часот преку платформата Zoom.

Приклучете се на Zoom средбата преку следниов линк:
https://us02web.zoom.us/j/84170254168

Архитектот Стефан Витс е роден во Хамбург 1963 год.
Архитектура дипломирал на Техничкиот Универзитет во Брауншвајг во 1989 год.
Магистрирал на Архитектонската школа на Универзитетот во Сиракуза, Сиракуза (држава Њујорк) во 1991 год.
Член е на Архитектонска комора на Долна Саксонија (Здружение на архитекти Долна Саксонија) од 1992 год.
Од 1991-2012 год. работи како архитект во студиото на Освалд Матијас Унгерс во Келн со кого е коавтор на бројни проекти и изградени дела. Во ова својство тој е одговорен проектант на бројни реализирани проекти, меѓу кои и канцелариите на Баслер осигурување во Келн, Уметничката Академија во Дизелдорф, Музејот Волраф - Ричарц во Келн, како и на тековното реновирање и проширување на Пергамонмузејот во Берлин. Проектантската работа во студиото Унгерс, кај него поттикнува теоретско истражување кое резултира со неколку публикации, меѓу кои особено важни се: „Дијалектичкиот град“ (ОМ Унгерс, С. Витс, 1997) и „ Композитна форма“ (С. Витс, 2012).
Од 2012-2020 година, архитектот Стефан Витс е визитинг професор по Архитектонска композиција на Политехника во Милано, а од 2020 e професор по Архитектонска композиција на Универзитетот во Бергамо.
Негови неодамнешни публикации се: „Зелениот Берлин: Град, Градина, Град“ (2018), „Реорганизацијата на Шпреинсел и новиот Пергамонмузеј во Берлин (2018), „О.М. Унгерс: Програмски проекти “(2019).