arh    UKIM-znak10

FACULTY OF ARCHITECTURE SKOPJE
SS. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE

 

Log in Register

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name *
Username *
Password *
Verify password *
Email *
Verify email *

WebMail

Iknow

menu

menuB

POSTER IAS10

 

 

 

vladimirGeorgievski

 

 

 

1
2
chipan_mail
1/3 
start stop bwd fwd
Музејот на град Скопје Ве поканува на отворањето на изложбата
Museum of the City of Skopje kindly invites you to the opening of the exhibition
 
Борис ЧИПАН
ПО ТРАГИТЕ НА ЕДЕН МОДЕРНИСТ
Boris ČIPAN
FOLLOWING THE TRACKS OF A MODERNIST
Музеј на град Скопје, четврток, 30 март, 2017. во 20:00 часот
Museum of the City of Skopje, Thursday, 30 March 2017., at 8:00 p.m.
 
Концептот на изложбата има интенција да ја проследи и презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 – 31 март 2012), со која зазема едно од најзначајните места во историјата на македонската современа архитектура, како творец кој подеднакво суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.
 
Користените материјали се дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално делување.
 
 
 

 

Residual FormНОВО ИЗДАНИЕ СО ПРОЕКТИ ОД  ИНТЕГРАТИВНОТО СТУДИО ОБРАСЦИ НА РАСТ СЕСИЈА 2016/2017 РЕЗИДУАЛНА ФОРМА

Публикацијата може да се најде во бибиотеката на Aрхитектонскиот факултет и кај раководителите на студиото.

 

 

IzlozbaEdnaKukaEdenSvet

Изложба „Една куќа – еден свет“

Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рамките на редовната настава по предметот Архитектонска композиција, организира изложба на графички трудови на деца меѓу 5 и 8 години. Темата е „Една куќа – еден свет“ и ја означува суштинската важност на заедништвото во градењето на светот и нашата лична партиципација во него.

Целта е препознавање на Архетипските слики, ментални претстави за архитектонскиот простор, како и за нашето просторно присуство воопшто. Архетипските слики се суштествениот, генеративен елемент за појавата на архитектонскиот простор и се однесуваат на немерливиот аспект на мерливото, на појавното. Архетипските слики се длабокото ниво на кое субјектот се изедначува со просторот околу себе и оттаму имаат етичка рефлексија.

Секое дете претставува една личност, „Една куќа – еден свет“.