Rrelevant information in the following attachment
Фотографии од свечениот час и прославата по повод 6-ти октомври, денот кога се одбележува 69 годишнината од формирањето на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот се одржа во понеделник, 8-ми октомври, на Архитектонскиот факултет.
Фотографии од церемонијата на свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, одржана во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје во понеделник, 1.10.2018-та година.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Свеченото врачување на индексите на новозапишаните студенти во прва година во учебната 2018/2019 година, ќе се одржи во понеделник, 1.10.2018 во 12.00 часот, во амфитеатарот на факултетот.
Редовната настава за првата и останатите студиски години ќе отпочне, според објавениот распоред.
Ви посакуваме успешна учебна година.
Од Деканатот
Ни причинува особена чест и задоволство да Ве поканиме на прославата на јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“.
Прославата на јубилејот ќе се одржи во четврток, 05 јули, 2018 година во вила Уранија, МАНУ во Охрид. Прославата ќе започне во 12.00 часот со следната програма:
Предавање на Едзард Шулц и Александра Шулевска, кои во рамки на програмата „360“ (и програмата на „отворениот ден“) имаа свое излагање на Архитектонскиот факултет во Скопје на 12.06.2018 Автор на фотографиите е Васе Аманито.
Во вторник, 12.06.2018-та година, со почеток во 10.30 часот во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе биде промовирана првата публикација од новата едиција „Студио во фокус“, во која се поместени резултатите од истражувањата преку проект работени во рамки на интегративното студио во IX-ти семестар во учебната 2017/18 година - „Обрасци на раст - неприродни екологии“, раководено од доц. д-р Слободан Велевски и доц. д-р Марија Мано Велевска.